1. Дали е потребно да имам интернет и компјутер за да ја користам оваа услуга?
Не е потребно.
2. Дали можам оваа услуга да ја користам од било кој телефонски број во Македонија?
Да од фиксната телефонија. Единствено не можете да ја користите од вашите мобилни телефони.
3.Дали ќе добијам дополнителна сметка на Македонски телекомуникации со користење на вашата услуга?
НЕ. Нашата услуга 0800ONE calling cards се користи преку бесплатниот телефонски 0800 број. Македонски телекомуникации сите повици према 0800 не ги тарифираат.
4.Дали постои можност да телефонирам во странство со вашите prepaid телефонски картички без постојано внесување на сметка и лозинка?
ДА. Доволно е да се јавиш на службата за грижа на корисници 02.3215781 И ги пријавиш сите телефонски броеви кои ги повикуваш во странство. Во иднина потребно е само да го свртиш нашиот бесплатен телефонски број и бројот во странство, се разбира овој пат како и во иднина без сметка и лозинка.
5. Дали можам да вршам надополнување на постоечката сметка со нов кредит?
ДА.
6. Каде најблиско можам да купам ваша prepaid картичка?
Jави се на 02.3215781 и ќе добиеш детална информација за најблиското продажно место.
1. Дали постои програма за наплата?
ДА, за подетални информации прочитај тука
2. Дали може да има повеќе од две кабини?
ДА, можеш да имаш неограничен број на кабини.
3. Која интернет врска ја препорачувате за 2 кабини?
Барем за сега ADSL пакетот се покажа како најстабилен, било кој ADSL пакет е доволен за две кабини.
4.Дали постои можност за display и за крајниот корисник на краевите од кабините?
ДА. Јави се на 02.3215781 за подетални информации или испрати email на callshop@one.com.mk
5. Дали компјутерот мора да биде активен за да се обавуваат телефонските разговори?
НЕ е потребно. Компјутерот е потребен само за вршење на наплата и не е во директна врска со Интернет телефонијата која се обавува преку телефонскиот адаптер и рутерот.
5.Дали добивам детален преглед на остварениот промет?
ДА. Добиваш точни информации за остварениот промет по смена или временски период кој сам го одредуваш.